Македонската репрезентативка Леонида Гичевска пристигна во Самара и се приклучи на нејзиниот нов клуб Лада Тољати.
Трофејниот руски клуб за новата сезона ангажираше уште две интернационалки – Жоана Да Кошта од Ангола и Дамљана Бошњак од Босна и Херцеговина.
Тренерот Екатерина Мареникова веќе го одработи првиот тренинг со комплетната екипа за новата сезона, а Гичевска и колешките веќе следната недела ги чека настап на турнир во Звенигород, каде ќе играат против Звезда, белорускиот БНТУ Белаз и Черноморочка.
Ова е нов странски предизвик за македонската репрезентативка која досега играше во Франција, Хрватска и Романија.