ДЕНЕСКА НА ОИ: Данска и Словенија го отвораат турнирот, сканди дерби за крај на денот

Денеска во Париз, на еден ден пред Свеченото отворање на Олимписките игри, ќе стартува женскиот ракометен турнир.

Честа да го отворат турнирот во 09:00 часот утринава ќе ја имаат селекциите на Словенија и Данска.

Селекциите на Холандија, Шпанија и Германија се фаворити против неевропските ривали Ангола, Бразил и Кореја, но секогаш се можни изненадувања на стартот.

Најинтересните натпревари во првата рунда ќе се играат во вечерните термини.

Од 19:00 часот ќе играат олимпискиот првак и домаќин Франција против Унгарија, а од 21:00 часот ќе има скандинавско дерби меѓу Шведска и Норвешка.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

09:00 СЛОВЕНИЈА – ДАНСКА (ОИ)
11:00 ХОЛАНДИЈА – АНГОЛА (ОИ)
14:00 ШПАНИЈА – БРАЗИЛ (ОИ)
16:00 ГЕРМАНИЈА – КОРЕЈА (ОИ)
19:00 УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА (ОИ)
21:00 НОРВЕШКА – ШВЕДСКА (ОИ)