Ривалот на Вардар во групата од Лигата на Европа, Порто, ангажираше второ засилување за наредната сезона.
Станува збор за шведскиот чувар на мрежата, Себастијан Абрахамсон, кој доаѓа од тимот на Онередс.
Искусниот, 34-годишен Абрахамсон, би требало да е замената за Никола Митревски, кој се врати во Еурофарм Пелистер.
Иако беше најавен францускиот голман Рубен Пјер од Трембле, веројатно од тој трансфер нема ништо и Порто ќе има дуо на голот со Абрахамсон и Диого Рема.