Ракометарите на Вардар ги добија противниците за новата сезона во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа, но фортуната не го посака двократниот европски првак.
„Црвено-црните“ ќе бидат дел од групата Ф и ќе играат против португалскиот вицепрвак Порто, победникот од дуелот меѓу германскиот Мелсунген и норвешкиот Елверум, како и победникот од двобојот меѓу исландскиот Валур и хрватската Спачва Винковци.
Фаворити за да ги минат квалифиакциите се Мелсунген и Валур, па јасно е дека Вардар ќе има тешка задача да се пласира во главната рунда.
Квалификациското коло во Лигата на Европа ќе се игра на крајот на август и почетокот на септември.
Тогаш ќе бидат комплетирани сите учесници, а првото коло од групната фаза е на програмата на 8 октомври.