Загреб мора да плати: Извиѓач бара рекордна оштета за Павловиќ

Хрватскиот шампион Загреб досега официјализираше два трансфери за новата сезона, а третиот најавен на средниот бек Ивано Павловиќ се уште не е потврден.

Босанските медиуми тврдат дека неговиот актуелен клуб Извиѓач Љубушки, поставил рекордна оштета за преминот во Загреб, иако не е потврдена сумата.

„Џокерот“ на Сигурдсон, кој доби шанса и во репрезентацијата на Хрватска, е посакуван и од други балкански клубови, но има договор со Извиѓач до 2026 година.

Дали Загреб ќе успее да се договори со тимот од Љубушки и да ја плати бараната сума, останува да видиме.

Досега хрватскиот шампион ги промовираше средниот бек Игор Бељавски и десниот бек Михајло Радојковиќ, а од клубот заминаа седум играчи – Моралес, Пантјар, Хорват, Сиротиќ, Клис и Сухолежник, додека Чупиќ се пензионираше и ќе му биде асистент на тренерот Андрија Николиќ.