Некогашниот лев бек на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар, реши да ја заврши играчката кариера на 34 години.
Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина веднаш ќе се најде во нова улога и ќе биде секретар во неговиот поранешен клуб Нексе Нашице.
Тој своевремено беше дел од Нексе, од 2013 до 2017 година, а потоа замина во романската Стеауа Букурешт.
Две сезони настапуваше во Битола, 2019-2021, а последните три од кариерата ги одигра во романската Констанца.