Кадетките на Металург го завршија настапот на турнирот „Еурофест“ во Копер на четвртото место во својата категорија каде имаше силна конкуренција.
Избраничките на Мери Арсениевска во полуфиналниот натпревар загубија од словачката екипа Рохожник со 19-10.
Во битката за третото место, која се играше во истиот ден, Металург загуби од австрискиот Егенбург со 12-10.
Во групната фаза, македонските ракометарки забележаа победи над три француски екипи – Безансон, Лион и Сарбурж, како и над унгарскиот Моѓороди и швајцарскиот Нион.