Селекциите на Холандија и Унгарија ги освоија титулите на кадетските Европски првенства во ракомет на плажа.
На континенталните собири што се играа во Варна, овие две селекции покажаа најмногу и заслужено се враќаат дома со титули.
Кадетките од Холандија ја победија Франција со 2-0 во финалниот натпревар, а сетовите беа со голема разлика, 28-20 и 19-14.
Кај кадетите, Унгарија се врати од негатива против Шпанија и славеше со 2-1, а шут-аутот во последниот сет заврши со 15-14.