Женската кадетска екипа на Металург е учесник на 30. издание на еден од најпрестижните и најмасовни турнир во млади категории – Еурофест во Словенија.
Овој турнир се одржува во словенечкиот град Копер од 4 до 9 јули, а на јубилејното издание играат дури 234 екипи во машка и женска конкуренција.
Металург е единствена македонска екипа на овој турнир, а на стартот на групната фаза ракометарките на Мери Арсениевска триумфираа против францускиот Сарбур со 17-15.
Во групната фаза ги очекуваат уште средбите со француските Лион и Безансон, австрискиот Егенбург, унгарскиот Моѓороди и швајцарскиот Нион до 8 јули, а потоа ќе се играат натпреварите за пласман.