Македонскиот репрезентативец Марко Мишевски од ова лето ќе има нов голем предизвик во кариерата.
Доскорешниот вардарец потпиша договор на една сезона со францускиот второлигаш Курнон Доверњ, каде што тренер е Македонецот Марјан Колев.
За Мишевски ова е камбек во Франција, каде во сезоната 2018/19 ги бранеше боите на тимот на Гренобл.
24-годишниот лев и среден бек, остатокот од кариерата го мина во Вардар Јуниор и во првиот тим на „црвено-црниот“.
Со Вардар освои титула во Лигата на шампионите во 2019 година, а се радуваше на три домашни титули, три трофеи во Купот и една во СЕХА лигата.