ЕХФ пресуди: Раичевиќ го доби спорот со Будуќност, клубот треба да и ги исплати сите плати!

Ракометниот Суд во Европската ракометна федерација пресуди во корист на Милена Раичевиќ која го тужеше нејзиниот клуб Будуќност за неисплатени плати.

Црногорскиот шампион мора да и ги исплати сите плати од сезоната 2020/21 кога Раичевиќ беше на породилно отсуство и не играше.

На целата сума треба да се додадат и каматите од 1 август 2021 година до денот на исплатата. Будуќност одбиваше да ја исплати Раичевиќ со изговор дека во тој период не играла за клубот и нема право на плата.

Доколку црногорскиот првак не го стори тоа во предвидениот рок, може да има последици од ЕХФ, односно суспензија од европските натпреварувања.

Будуќност лани го обелодени овој случај, а кога Раичевиќ ја поднесе тужбата, беше префрлена во вториот тим за на крајот да си замине и да се пресели во романскиот Рапид Букурешт.