Францускиот чувар на мрежата, Крис Нкуингуа, од ова лето ќе има нов предизвик во богатата кариера.
36-годишниот голман кој единственото интернационално искуство го имаше своевремено во Пелистер, потпиша договор со третолигашот Руен.
Тој потекнува од Вијпинт, потоа беше дел од академијата на ПСЖ, па бранеше за Понто Комбо и Вернон во Про лигата. Во сезоната 2014/15 година бранеше за Пелистер, пред да се врати во Франција.
Таму беше дел од Стразбур, Мулуз, Анже, па Вернуј каде настапуваше заедно со Тоше Ончев, па мина три сезони во Вал Дуаз, а последните две сезони бранеше за Суасон во третолигашката конкуренција.
Нкуингуа поседува и камерунско државјанство и настапуваше за оваа држава на Африканското првенство.