Тимот на Прилеп објави дека големиот талент Ангел Крстески и во иднина ќе ги брани боите на матичниот клуб.
Младиот среден бек потпиша договор на три сезони со раководството на Прилеп и ќе има можност да биде дел од Супер лигата.
Претходно прилепчани промовираа четири засилувања и го продолжија договорот со идниот капитен Христи Бикоски.
Во Прилеп пристигнаа пивотот Александар Тренчевски, средниот бек Божидар Илиески, десниот бек Никола Јеремиќ и голманот Стефан Христоски.