Денеска во двете сали на СЦ „Јане Сандански“ и во СЦ „Борис Трајковски“ стартува младинскиот женски Мундијал.
Во првата рунда на програмата има 16 натпревари во сите осум групи, а Македонија ќе оди на мегдан на САД, во мечот од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Селекторот Дарко Јанев имаше проблеми со повреди на клучните ракометарки, но Македонија е голем фаворит против САД и нема дилеми дека ќе стартува победнички.
Од денешната програма внимание привлекуваат средбите меѓу Германија и Србија од 18:00 часот и меѓу Франција и Шпанија од 20:15 часот.