Машката младинска репрезентација на Црна Гора е еден од ривалите на Македонија на Европското младинско првенство во Словенија.
Црногорците под водство на селекторот Драшко Мрваљевиќ веќе ги започнаа подготовките за настап на младинскиот континентален собир.
Освен со Македонија, младинците на Црна Гора ќе играат уште со репрезентациите на Хрватска и Австрија.
Селекторот Мрваљевиќ имаше пофални зборови за сите ривали, истакнувајќи дека неговите избраници ќе одат чекор по чекор на секој дуел.
,,Веќе во групната фаза нè очекуваат одлични ривали, а како фаворит во групата се издвојува Хрватска, а исклучителен квалитет имаат и Австрија и Македонија, па јасно е дека ќе имаме тешка задача на сите натпревари. Сепак, до 10 јули имаме многу работи за размислување во текот на подготовките, па најважно е сите момци да бидат здрави и подготвени за стартот на Европското младинско првенство. Во Словенија мораме да одиме чекор по чекор и да се подготвуваме максимално за секој противник, бидејќи е јасно дека на ЕП играат репрезентации кои имаат голем квалитет”, изјави селекторот Мрваљевиќ.
Европското младинско првенство ќе се игра во словенечкиот град Целје од 10 до 21 јули.