Амбициозниот тим на Металург Автокоманда ја продолжи соработката со уште две важни ракометарки.
Станува збор за средниот бек Исидора Котевска и десното крило Марија Гугуљанова, двете ракометарки ја продолжија верноста на уште една сезона.
Претходно Металург Автокоманда ја продолжи соработката и со кружниот напаѓач Анастасија Трпеска, левиот бек Таида Беровиќ и левото крило Сара Миновска.
До овој момент клубот се засили со Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Софи Ѓошевска, Анастасија Величковска и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.
Тимот од Автокоманда во дебитанската сезона во Женската лига го освои третото место и избори излез на европска сцена.