Ракометарката на Металург Автокоманда, Сара Миновска, го доби признанието за најкорисен играч, односно за ѕвезда на 25. коло во Женската лига.
Миновска на натпреварот против Стружанка имаше одлична партија и со девет реализации го предводеше својот тим до убедлива победа.
Левото крило на гласањето доби неверојатни 87% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Талида Алмеида од Ѓорче Петров со околу 9%.
Во конкуренција за ѕвезда на 25. коло беше и ракометарката на Куманово, Сара Цветановска.