Тимот на Колстад успеа да ја одбрани шампионската титула во Норвешка и во следната сезона повторно ќе игра во Лигата на шампионите.
Колстад за ривал во финалето од плеј-офот го имаше Елверум и победи со 2:1 во финалната серија, на последниот одлучувачки натпревар славеше со 34:30 по продолженијата.
На првиот натпревар Колстад победи со 30:28, на вториот, на кој исто така имаше продолженија, подобар беше Елверум со 41:40, а на одлучувачкиот тимот на Кристијан Берге имаше повеќе среќа.
За амбициозниот проект на Колстад ова е втор трофеј по ред во својата историја, додека Елверум остана на шест трофеи.
Колстад оваа сезона беше еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групниот сегмент од Лигата на шампионите, ги доби и двата дуели против битолчани.