Победнички крај за старо-новиот шампион

Старо-новиот шампион на Македонија во женска конкуренција, тимот на Ѓорче Петров, победнички ја заврши сезоната, откако на гостувањето кај Вардар триумфираше со 33:29. Ѓорче Петров на 26 одиграни натпревари оствари 25 победи и едно реми, додека некогашниот шампион на Македонија натпреварувачката сезона 2023/24 ја завршува на 4. позиција.

Првото полувреме помина доста ефикасно, резултатски израмнето и со многу дуели. Иако избраничките на Симе Симовски тргнаа според посакуваното, на трипати водеа со плус два во воведниот дел, домашниот табор се врати во игра израмни на 4:4 и до крајот на првото полувреме беше повеќе од рамноправен ривал.

Ѓорче Петров успеваше да одржи резултатска контрола, од еден до два гола разлика, но немаше голема комоција во играта, бидејќи „црвено-црните“ беа мотивирани да го дадат максимумот, па дури и да дојдат до изненадување доколку се отвори шанса.

При секој обид на Ѓорче Петров да дојде до повисока разлика од два гола, домашните голманки не дозволуваа да има реализација, па така по 30 минути игра резултатот беше нерешен, 16:16.

По десет минути игра во вториот дел, односно во 40 минута, гостинките конечно дојдоа до дотогаш највисоките плус три, 24:21, минута подоцна Николовска реализираше за 25:21 и тука беше јасно дека домаќинките ќе имаат тежок предизвик за камбек.

Тимот на Ѓорче Петров до крајот ги казни речиси сите грешки на вардарки, постојано водеше со три до четири гола разлика и не им дозволи на домаќинките да се надеваат на евентуален камбек.

Најефикасна кај победничката екипа беше Ана Марија Коларовска со пет погодоци, а во поразениот табор се истакна Бојана Коцева со осум реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080