По трофејот во Супер Купот на Белорусија и во првенството, Мешков Брест го освои и трофејот во Купот.
Избраниците на Едуард Кокшаров најдоа решение за големиот ривал СКА Минск и го победија во финалето со 28-22.
За МВП на завршниот турнир во Купот на Белорусија, беше прогласен некогашниот член на Вардар, Вук Лазовиќ.
За Мешков Брест се уште не е завршена сезоната, бидејќи белорускиот првак го чека настапот на Ф4 во „Дивизијата Исток“ од регионалната СЕХА лига.