Металург РА лесно се справи со Шампион

Тимот на Металург РА во натпревар од 11. коло од прволигашкиот плеј-оф дојде до победа над Шампион од 42:29.

Металург РА се уште има шанси за второтa позиција, која носи суперлигашки бараж, но ќе треба да победи во последните три кола и да се надева на неколку киксови на Радовиш и Младост.

Веќе при предност на Металург РА од 21:13 на полувреме, беше јасно дека домаќинот ќе има тежок предизвик да направи камбек, па така вторите 30 минути беа повеќе формалност.

Предводник во победничката екипа беше Димитар Ристовски со шест погодоци, по пет постигнаа Леон Кочов, Матеј Филиповски, Филип Фидановски и Јаков Пановски.

Во поразениот табор прво име беше Стефан Огненовски со осум погодоци, по пет постигнаа Давид Богоевски и Христијан Сибиновки.