Селекторот на машката кадетска репрезентација, Наум Танески, го објави списокот на ракометари за престојната ЕХФ недела.
Танески повика 19 ракометари, меѓу кои ги нема Дамјан Митев, кој е со А селекцијата и Самоил Ристевски, кој е повреден.
Македонија патува во Словенија, каде ќе одигра две пријателски средби со домашната репрезентација и со Австрија.
Првиот натпревар од двомечот во Зрече, ќе се игра в петок на 10 мај од 18:00 часот против Словенија, додека втората средба е в сабота на 11 мај од 12:30 часот против Австрија.
Овие два меча се дел од подготовките за настапот на Европското првенство што ќе се игра во Црна Гора од 7 до 18 август, а Македонија е во група со Германија, Франција и Полска.