Левиот бек Дејан Кукуловски. откако мина една и пол сезона во Брно од Чешка, реши да се врати во својата татковина, дознава 24Ракомет.
25-годишниот ракометар во следната сезона ќе биде дел од амбициозниот тим на Охрид, кој е на добар пат да обезбеди излез на европска сцена.
Екс ракометарот на Вардар и Еурофарм Пелистер и раководството на Охрид веќе се договориле на едногодишна соработка. Доколку двете страни бидат задоволни од соработката, тогаш левиот бек ќе остане уште најмалку една сезона во редовите на „гладијаторите“.
Освен Кукуловски, нови играчи во Охрид ќе бидат голманот Градимир Чаневски и кружниот напаѓач Живан Пешиќ, па несомнено е дека Стевче Алушовски ќе има посилен ростер.
Клубот до овој момент ги има продолжено договорите со Стефан Дрогришки, Горан Крстевски, Крсте Андоновски, Даниел Ѓорѓески, Милорад Кукоски, Владимир Бојаниќ, Гал Цирар, Никола Шипинкоски, Tеимураз Орјоникидзе и Иван Тасески.