Првата ѕвезда на селекцијата на Фарски Острови, против која Македонија ќе бие битки за пласман на СП 2025 година, Елијас Елефсен а Скипаготу, има мала повреда на коленото.
Според пишувањата на „КВФ“, Скипаготу би требало да заигра на реваншот од Лигата на шампионите меѓу Кил и Монпелје, а потоа и против Вецлар на дуелот од Бундес лигата в недела.
Тој се повреди на мечот со Фуксе Берлин и потоа ја пропушти средбата во Франција со Монпелје, но според извештаите ќе биде подготвен за двата меча со Македонија.
Првиот меч меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е на 12 мај во Скопје од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Со оглед на тоа што сите од повиканите ракометари на Фарски Острови играат во странство, а голем дел од нив ќе имаат и натпревари во недела, в понеделник ќе се приклучат на националниот тим, па само еден ден ќе бидат комплетни на тренинг пред првата средба со Македонија.