Денеска беа одиграни првите четвртфинални дуели од второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа.
Екипите на Динамо Букурешт, Фленсбург и Рајн Некар ги добија првите дуели од четвртфиналето, додека Фуксе Берлин и Нант одиграа без победник.
Фленсбург оствари најубедлива победа, откако на гостувањето во Шведска триумфираше кај Савехоф со 41:30 (22:14).
Победници во победничката екипа беа Емил Јакобсен со девет и Јоханес Гола со осум погодоци.
Еден од најдобрите стрелци во таборот на Савехоф беше репрезентативецот на Фарски Остров, Оли Митун, кој имаше шест успешни реализации.
Амбициозниот тим на Динамо Букурешт потешко од очекуваното славеше против Скјерн од Данска со еден гол разлика, 28:27 (14:15).
Српските репрезентативци Владимир Цупара со 13 одбрани и Лазар Кукиќ со седум погодоци беа најзаслужни за триумфот на тимот на Чави Пасквал.
Лига на Европа, четвртфинале, резултати:
Динамо Букурешт – Скјерн 28:27 (14:15)
Савехоф – Фленсбург 30:41 (14:22)
Фуксе Берлин – Нант 33:33 (17:15)
Рајн Некар – Спортинг 32:29 (19:14)