Ракометарките на Пелистер во натпревар од 19. коло од Женската лига пред својата публика славеа над Шампион со 36:22.
За Пелистер ова беше деветти триумф во тековната сезона и со новите освоени бодови ја презеде 6. позиција на табелата.
Избраничките на Адријано Котевски на денешниот дуел немаа поголеми проблеми и трите бодови ги обезбедија уште во првото полувреме.
Битолчанки на пауза заминаа со предност од 22:6 и во вториот дел продолжија со истиот ритам од првите 30 минути.
Листата на стрелци кај Пелистер беше предводена од Ана Марија Талева и Анастасија Тодоровска, двете ракометарки имаа по шест погодоци, пет додадоа Сара Рујановска, Кристина Наумовска и Анастасија Дамјановска.
Кај скопскиот тим се истакна Ангела Петровска, која во мрежата на домаќините имаше десет успешни реализации.