На денешната програма во Македонија ќе има десет натпревари, четири од нив се во рамките од 9. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен ќе го пречека незгодниот тим на Бутел Скопје.
За пелистерци денешниот дуел ќе биде одлична проверка на силите пред следниот натпревар против тимот на Охрид.
Екипата на Тиквеш ќе биде домаќин на вицепрвакот и пред домашната публика ќе атакува на шести триумф во плеј-оф фазата.
По четврти пат сезонава ќе се сретнат екипите на Струга и Охрид, додека во борбата за опстанок ќе има интересен дуел меѓу Вардар Неготино и Мулти Есенс.
Кај дамите денеска целото внимание ќе биде насочено на дерби дуелот меѓу Ѓорче Петров и Куманово.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ПЕЛИСТЕР – ШАМПИОН
16:00 АСТРАИОН – ПРЕСПА ВАРДАР
16:30 ВАРДАР – АСТИБО
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ
18:00 ОХРИД – СТРУГА
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – МУЛТИ ЕСЕНС
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО
19:00 ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД
19:30 СПАРТАК – СКОПЈЕ
20:30 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ