Женската ракометна репрезентацијата на 18. април од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за противниците во групата за Европското првенство во декември.
Јасно е колку е силна конкуренцијата, но следејќи го тимот во континуитет и начинот на кој функционира сега, ова ќе биде и второ ЕП за нас во низа, може ли да се надеваме дека нема да бидеме само учесници, туку и ќе се бориме за резултат.
„Од самиот старт бев позитивен. Прва цел за нас беше пласман на ЕП во што и успеавме. Следната цел ќе зависи и од ждрепката, но нема да одиме само како учесници, цел ќе ни биде да ја минеме групата, па потоа во вкрстувањата што ќе ни донесе среќата. Со пласманот на ЕП направивме еден чекор и не сакам да застанеме на тој. Сакам да направиме уште еден, а тоа е да ја минеме првата фаза. Сепак, сè ќе зависи и од ждрепката и од среќата, од моменталната форма на играчите во тој период, повреди дали ќе има… Да се надеваме дека ќе имаат девојките и добри клубови за да држат форма. Голем дел од нив следната сезона ќе играат во Прва лига и тоа ќе биде добро и за националниот тим“, потенцира селекторот Грчевски.
Викенд – интервјуто со селекторот Кристијан Грчевски може да го прочитате во продолжение…
ИНТЕРВЈУ КРИСТИЈАН ГРЧЕВСКИ: Дамите ми се предизвик, сакам да им се посветам!