Денеска со натпреварот меѓу Пролет и Вардар ќе започне новото, 9. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут. Овој натпревар ќе биде единствениот на денешната програма, додека останатите дуели од плеј-оф и плеј-аут фазата ќе се одиграат во нареднит в сабота и недела.
Во рамки од 7. коло од прволигашкиот плеј-оф ќе има еден дуел, ќе играат екипите на Јехона и непобедливиот Бисинов, кој се наоѓа на добар пат да обезбеди директен пласман во најквалитетното натпреварување во Македонија. Јехона веќе од поодамна цели кон подобро претставување во прволигашката конкуренција.
Четири натпревари ќе има во рамки од 2. коло од квалификациите за пласман на Олимписките игри во Париз. Дербито на денот ќе биде меѓу репрезентациите на Унгарија и Шведска, кои во првото коло славеа над Велика Британија, односно Јапонија.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ШВЕДСКА – УНГАРИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)
18:00 ГОРЕЊЕ – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
18:00 ПРОЛЕТ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)
19:00 ЛАЈПЦИГ – ХАНОВЕР (БУНДЕС)
20:00 ХАМБУРГ – КИЛ (БУНДЕС)
20:00 РАЈН НЕКАР – БЕРГИШЕР (БУНДЕС)
20:00 БИСИНОВ – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ГОГ – ФРЕДЕРИЦИЈА (ДАНСКА)
20:30 ЈАПОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)
21:00 АРГЕНТИНА – ШПАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ)