Ракометното дерби во Хрватска меѓу Нексе и Загреб што вечерва се играше во Нашице е прекинато кон крајот на првиот дел и нема да се доигра вечерва.
Доволна беше и мала искра, а во центарот на вниманието беа средниот бек на Нексе, Марко Безјак и делегатот Анто Јосиќ.
Загреб се одвои на висока разлика кон средината на првиот дел, 16-9 и тоа беше причина за тензија меѓу играчите.
Вујовиќ исто така реагираше на некои судиски одлуки, а ситуацијата ескалираше кога наместо гол за Нексе, судиите Јуриновиќ и Мрвица досудија пенал.
Мелиќ постигна погодок, но тие го поништија и досудија седмерец за Нексе. Дојде до буткање меѓу играчите, а најдебелиот крај го извлече делегатот Јосиќ, кој се сруши откако беше поткачен од Безјак.
Веднаш дотрча медицинската екипа, му се укажуваше помош, но засега нема информации околу состојбата. Јасно е дека мечот е прекинат и дека вечерва нема да продолжи.