ЅВЕЗДА НА 18. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – АНГЕЛА КОСТОВИЌ (ЧАИР)

Ракометарката на Чаир, Ангела Костовиќ, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 18. коло во Женската лига.

За Костовиќ ова е прво МВП признание, додека за нејзиниот клуб четврто признание, двапати за МВП на колото беше избрана Теодора Дукоска и еднаш Бојана Диневска.

Десниот бек во 18. коло го одигра својот најдобар натпревар сезонава, имаше девет реализации на дуелот против Спартак, но и многу асистенции кон своите колешки.

Членката на Чаир доби околу 51% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Јана Ѓошевска од Куманово со 29%.

Во конкуренција за ѕвезда на 18. коло беше и репрезентативката на Бразил, Талида Алмеида, која го носи дресот на Ѓорче Петров.