Португалскиот шампион Порто, каде што брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски, победнички го заврши регуларниот дел од домашното првенство.
Предводен од македонскиот голман, Порто славеше против Мадеира со убедливи 16 голови разлика, 41-25.
Капитенот на нашата репрезентација успеа да одбрани 11 удари на противниците, но прими само седум гола во првиот дел кога беше на голот на Порто.
Покрај одличната партија и 61% успешност на одбранети удари (11/18), Митревски успеа да постигне и два гола во мрежата на Мадеира.
На претходниот натпреварот од Купот, Митревски беше прогласен за МВП, откако имаше дури 19 одбрани.
Со овој триумф и новите бодови Порто се искачи на втората позиција на табелата со 57 бода, зад лидерот Спортинг, кој со максимален биланс го заврши регуларниот дел.
Порто претстојниот викенд го игра четвртфиналниот дуел од Купот на Португалија против Бенфика, а против истиот ривал ќе игра и во првата рунда од плеј-офот.