Екипите на Вардар, Чаир, Куманово и Ѓорче Петров ќе играат на Ф4 во Купот на Македонија кај дамите.
Тимот на Куманово ќе го брани освоениот трофеј од ланската сезона, откако славеше против Металург Автокоманда во неизвесното финале од првата група.
За разлика од минатата сезона, во која на Ф4 турнирот во Охрид учествуваа три екипи (Вардар, Ѓорче Петров и Куманово), некогашниот шампион на Македонија, Металург, тогаш го откажа своето учество, ново име е тимот на Чаир.
Составот на Басри Љатифи по едногодишна пауза повторно се вклучува во борба за трофејот во Купот.
Завршните турнири во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција ќе се одржат од 17 до 19 мај годинава.
Куп на Македонија, жени, резултати:
група 1
Куманово – Стружанка 37-29
Скопје – Металург Автокоманда 27-53
Куманово – Металург Автокоманда 21-20
група 2
Чаир слоб.
Астибо – Овче Поле СУ 21-38
Чаир – Овче Поле СУ 46-29
група 3
Гевгелија – Вардар 17-34
Шампион – Деспина 19-30
Вардар – Деспина 30-21
група 4
Пелистер слоб.
Спартак – Ѓорче Петров 22-44
Пелистер – Ѓорче Петров 26-47