Вардарки триумфално против Деспина – се пласираа на Ф4 во Купот!

Ракометарките на Вардар се првиот учесник на завршниот турнир во Купот на Македонија во женска конкуренција, откако славеа против Деспина со 30-21.

Домаќинките се одлепија на стартот на мечот со 7-2, па тренерот на Деспина мораше да повика тајм-аут уште по десетина минути игра.

Имаа прилепчанки негатива од седум гола, но кон крајот на полувремето успеаја да намалат на минус пет, 16-11.

На стартот на вториот дел Деспина успеа да спушти и на минус три, но немаше сили за камбек во натпреварот и Вардар рутински ги одработите преостанатите минути.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Борјана Коцева и Ивона Трпевска со по седум погодоци, додека кај Деспина се истакна Мери Гичева со шест гола.

Куп на Македонија, жени, распоред:

група 1
Куманово – Стружанка 37-29
Скопје – Металург Автокоманда 27-53
24/3, 14:00, Куманово – Металург Автокоманда

група 2
Чаир слоб.
Астибо – Овче Поле СУ 21-38
24/3, 15:00, Чаир – Овче Поле СУ

група 3 
Гевгелија – Вардар 17-34
Шампион – Деспина 19-30
Вардар – Деспина 30-21

група 4 
Пелистер слоб.
Спартак – Ѓорче Петров 22:44
24/3, 16:00, Пелистер – Ѓорче Петров