Ланскиот финалист во Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер, според очекувањата лесно ја мина првата пречка и славеше против Куманово со 40-21.
Стратегот на битолчани, Бранко Ангеловски, играше со комбиниран состав, во кој поголема минутажа имаа македонските интернационалци.
Најмногу се истакнаа Цветан Кузманоски со десет, Петар Атанасијевиќ со девет гола, како и Емилијан Ѓорговски кој даде седум погодоци. Во редовите на кумановци најпрецизен беше Костов со седум реализации.
Во првото полувреме Куманово успеваше да се одржи во нормална негатива, но во вториот дел нивната игра комплетно се распадна и на теренот играа само битолчани.
Ривал на Еурофарм Пелистер во битката за место на завршниот турнир ќе биде Охрид, а тој меч се игра вечерва во СРЦ „Билјанини Извори“ од 19:30 часот.
Куп на Македонија, мажи, распоред:
група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23-26
23/3, 14:00, Прилеп – Мулти Есенс
23/3, 18:00, Тиквеш – Прилеп/Мулти Есенс
група 2 (Скопје)
23/3, 14:30, Бутел Скопје – Струга
23/3, 18:00, Алкалоид – Вардар Неготино
24/3, 18:00, Бутел Скопје/Струга – Алкалоид/Вардар Неготино
група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22-32
23/3, 18:00, Радовиш – Вардар
24/3, Радовиш/Вардар – Голден Арт
група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
Еурофарм Пелистер – Куманово 40-21
23/3, 19:30, Охрид – Еурофарм Пелистер