Македонскиот шампион Ѓорче Петров по елиминацијата на европска сцена, денеска се враќа на домашните обврски.
Ѓорчепетровки во натпревар од 17. коло во Женската лига ќе му гостуваат на составот на Спартак.
Избраничките на Симе Симовски се големи фаворити во денешниот дуел и се очекува да дојдат до 16-ти сезонски триумф.
Натпреварот меѓу Спартак и Ѓорче Петров ќе се одигра со почеток од 17:00 часот во спортската сала при ОУ „Круме Кепески“ во Кисела Вода.
Во рамки од прволигашката конкуренција ќе се одигра дерби дуелот во Богданци меѓу Младост и Радовиш.
Овие две екипи ќе го комплетираат 3. коло во прволигашкиот плеј-оф, во кој лидер е тимот на Бисинов од Велес.
Дерби дуелот меѓу Младост Богданци и Радовиш е закажан за 20:00 часот во спортската сала „Млаз“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 АСТРАХАНОЧКА – РОСТОВ (РУСИЈА)
16:00 ЛАДА – ЧЕРНОМОРОЧКА (РУСИЈА)
17:00 БАЈА БАРЕ – ЧСМ (РОМАНИЈА)
17:00 ТАРГУ – БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)
17:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – СПАРТАК (МАКЕДОНИЈА)
17:15 ФЕРЕНЦВАРОШ – МТК (УНГАРИЈА)
18:00 АЛБА – ЃЕР (УНГАРИЈА)
18:30 МОЛДЕ – СТОРХАМАР (НОРВЕШКА)
19:00 НОРДСЈЕЛАНД – СКАНДЕРБОРГ (ДАНСКА)
20:00 СИЛКЕБОРГ – АЛБОРГ (ДАНСКА)
20:00 МОРС – РИНГСТЕД (ДАНСКА)
20:00 МЛАДОСТ – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
20:15 СИУДАД РЕАЛ – ВАЉАДОЛИД (ШПАНИЈА)