КАДЕТКИ: Вардар со пресврт до победа и останува во „мртва трка“ со Стружанка

По 9. коло во женска кадетска конкуренција две екипи остануваат да водат „мртва трка“ до крај на сезоната за освојување на првото место. Вардар и Стружанка се екипите на првите две места, со само еден загубен бод досега. Двете екипи одиграа реми на нивниот прв меѓусебен дуел во ноември во Скопје, па реваншот веројатно ќе биде решавачки.

Викендов двете екипи победија според планираното. Стружанка беше подобра од Чаир на гостувањето во Скопје, 36-18, а Вардар пред домашна публика го победи Илинден Вардар со 22-20.

Вардарки имаа негатива од 10-15 на тој меч со Илинден на почетокот на второто полувреме. Но, потоа „црвено-црните“ направија целосен пресврт и со серија од 9-2 преминаа во водство од 19-17. До крајот на средбата потоа не му дозволија на ривалот да се врати во игра и бодовите останаа кај фаворитот.
Сара Ристовска и Дона Тодоровска постигнаа по 5 гола, а кај гостинките Ева Ѓорѓиева даде девет гола.

РЕЗУЛТАТИ
Чаир – Стружанка 18-36
Јехона – Делчево Вардар 22-41
Гевгелија – Ѓорче Петров 20-26
Вардар – Илинден Вардар 22-20
ТАБЕЛА: Стружанка и Вардар по 25 бода, Ѓорче Петров 18, Илинден Вардар 12, Делчево и Гевгелија по 9, Чаир 8 а Јехона без бодови.