Кружниот напаѓач на Лајпциг и на полската репрезентација, Мачеј Гебала, ќе има нов предизвик во кариерата. Тој потпиша за Ерланген, каде ќе игра со Калифа Гедбан, кој исто така на лето оди во Бундес лигата.
Норвешкиот шампион Колстад задржа уште двајца од репрезентативците. По Сагосен и Бергеруд, Колстад ги продолжи договорите со Горан Јоханесен и Магнус Гулеруд до 2027, односно до 2028 година.
Рускиот репрезентативен голман Виктор Киреев, на лето заминува од бундеслигашот Фуксе Берлин по две сезони, а голманското дуо во тимот на „лисиците“ ќе го сочинуваат Дејан Милосављев и Ласе Лудвиг.
Младиот унгарски репрезентативец Жолт Краковски потпиша за бундеслигашот Вецлар договор на две сезони. Тој доаѓа од тимот на НЕКА, каде играат млади унгарски ракометари и ќе остане во Вецлар до 2026 година.