Николов и Начевски ќе го судат дербито на денот во Олимписките квалификации

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од втората рунда на Олимписките квалификации.

Македонците Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани на натпреварот меѓу Унгарија и Норвешка, една од двете дерби средби покрај онаа меѓу Хрватска и Германија.

Натпреварот меѓу Унгарија и Норвешка се игра вечерва од 19:30 часот во Татабања, а делегати ќе бидат Данецот Нилсен и Босанката Војиќ.

Норвешка и Унгарија забележаа победи во првото коло и ова ќе биде битка за првото место во групата.