Машката младинска репрезентација на Македонија денеска во Автокоманда го одигра првиот од двата предвидени пријателски дуели со „коцкестите“.
Избраниците на Раде Стојановиќ во натпреварот со силната Хрватска одиграа нерешено, 28:28 (13:16).
Одлична партија во редовите на „црвено-жолтите“ имаше Димитар Узунчев, кој постигна 13 гола, седум додаде Славчо Шулески, пет реализации запиша Ненад Белистојаноски.
Вториот натпревар меѓу двете репрезентации ќе се одигра утре со почеток од 12:00 часот на истата локација, но и утрешниот дуел ќе биде од затворен тип.
Македонија и Хрватска се во иста група на ЕП, во кој ќе играат уште против Австрија и Црна Гора во јули во Словенија.