Финале во Катар за Металари и Николовски!

Судиската двојка Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе има голем предизвик во интернационалната кариера.

Тие ќе го судат финалниот натпревар на шампионатот на клубови од Персискиот Залив што ќе се одигра денеска во Доха.

Мечот за злато од 16:00 часот ќе го играат составите на Ал Рајан од Катар и Ал Кувајт од Кувајт, кои претходно во полуфиналето ги елиминираа Ал Даир од Бахреин, односно Ал Араби од Катар.

На ова клупско првенство играа осум клубови од пет држави – Кувајт, Бахреин, Катар, ОАЕ и Оман.

Ова ќе биде уште една шанса за Металари и Николовски да ги покажат своите квалитети на меѓународна сцена.