Тимот на Јехона не дозволи изненадување на домашен терен и во Гостивар ја победи Македонија Ѓорче Петров со 35-32 во првата рунда од прволигашкиот плеј-оф.
Избраниците на Фари Селмани го најавија триумфот по првото полувреме кога водеа со 13-7, а на пауза се замина со плус пет за домашните, 13-8.
Гостите го почнаа одлично второто полувреме, имаа минус два, 17-15, но попуштија во продолжение и Јехона отиде на плус осум, 24-16.
Потоа немаше дилеми околу победникот и гостиварчани рутински го одработија финишот на натпреварот.
Во второто коло Јехона ќе игра на гостински терен кај Драчево, додека Македонија Ѓорче Петров го пречекува Шампион.