Македонија по поправање на впечатокот против „црвената фурија“

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024.

Избраничките на Кристијан Грчевски повторно ќе се соочат со Шпанија, овојпат на гостински терен.

На првиот дуел, кој беше одигран во Скопје, ракометарките на „црвената фурија“ триумфираа со 31:19.

Натпреварот меѓу Шпанија и Македонија ќе се одигра во Ланцароте со почеток од 18:00 часот.

Македонија за ривали во квалификациите ги ума уште репрезентациите на Литванија и Азербејџан.

Токму против овие две репрезентации „црвено-жолто“ имаа посакуван старт во походот за пласман на континенталниот собир.

Распоред на денешните квалификациски натпревари:

13:30 ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА
15:00 ЛИТВАНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН
15:00 ТУРЦИЈА – БУГАРИЈА
16:00 ГРЦИЈА – БИХ
17:00 ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА
17:00 ХРВАТСКА – РОМАНИЈА
18:00 ЦРНА ГОРА – СРБИЈА
18:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЛУКСЕМБУРГ
18:00 ШПАНИЈА – МАКЕДОНИЈА
18:15 ГЕРМАНИЈА – СЛОВАЧКА
18:30 ИТАЛИЈА – ЛЕТОНИЈА
20:30 ПОРТУГАЛИЈА – ФИНСКА