Амбициозниот тим на Охрид денеска во натпревар од 4. коло од суперлигашкиот плеј-оф ќе го пречека тимот на Кире Лазаров.
За двете екипи ова ќе биде трета меѓусебна пресметка сезонава, двапати одиграа во рамки од групниот сегмент во првиот дел од суперлигашката конкуренција.
Вицепрвакот се радуваше на двата натпревари и на денешниот дуел во Охрид ќе атакува на 18-ти триумф во тековната сезона.
Избраниците на Стевче Алушовски ќе се обидат со помош на домашната публика да стигнат до трета победа во плеј-оф фазата.
Охриѓани во минатото коло, против Еурофарм Пелистер, покажаа дека можат да се носат рамо до рамо со поквалитетни ривали.
Натпреварот меѓу Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.
Со овој натпревар ќе биде комплетирано 4. коло во суперлигшакиот плеј-оф/аут, по што ќе биде позната новата состојба на табелата во разигрувањето за титулата и борбата за опстанок.