Вчера и денеска се одиграа натпреварите од третата рунда од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Покрај трите домаќини и европскиот првак Норвешка, следна која обезбеди место на ЕП е Данска, која славеше на гости кај Полска и со три од три се пласираше на континенталниот собир.
Блиску до таков пласман се Романија, Германија, Холандија, Шпанија, Франција, Шведска и Црна Гора, која со голот во последната минута на Грбиќ го доби трилер мечот со Србија со 31-30.
Први победи запишаа Грција, Португалија, Италија, Азербејџан, Турција и Фарски Острови и се вмешаа во борбата за билет за ЕП.
ЕП 2024 ќе се игра во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Квалификации за ЕП 2024, 3 коло, резултати:
група 1
Романија – Хрватска 26-24
Босна и Херцеговина – Грција 22-24
група 2
Израел – Украина
Словачка – Германија 18-40
група 3
Чешка – Холандија 29-30
Финска – Португалија 21-28
група 4
Словенија – Франција 20-35
Летонија – Италија 14-32
група 5
Азербејџан – Литванија 35-33
Македонија – Шпанија 19-31
група 6
Бугарија – Турција 24-30
Србија – Црна Гора 30-31
група 7
Исланд – Шведска 24-37
Луксембург – Фарски Острови 16-34
група 8
Полска – Данска 22-26
ЕХФ Евро Куп, 3 коло, резултати:
Унгарија – Швајцарија 38-26
Норвешка – Австрија 43-22