🔴ВО ЖИВО🔴 Ѓорче Петров – Бор, Горица – Бутел Скопје, Алкалоид – Ферлах

|
15:30
Share on Facebook

Гледајте ВО ЖИВО, Алкалоид – Ферлах, ТУКА*

*линковите се активни половина час пред мечот
**преносот во Македонија може да го следите на Арена М Спорт

Share on Facebook

Огромен пех за Македонија – остана без една од најдобрите ракометарки за ЕП!

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
19:33
Share on Facebook

Женската репрезентација на Македонија ќе биде без услугите на левиот бек Ангела Јанкуловска за претстојното Европско првенство!

Битолчанката играше во одлична форма од стартот на сезоната во дресот на словачката Дунајска Стреда, а имаше одличен настап и на „Трофеј Македонија“, но заработи повреда во ЕХФ Европскиот Куп. Таа ги повреди лигаментите и за неа сезоната е завршена.

„Левиот бек на нашиот тим, Ангела Јанкуловска, која се повреди во реванш натпреварот на домашен терен против Салерно во ЕХФ Европскиот куп, успешно беше оперирана. Ангела ќе го помине викендот во болница, а од понеделник ќе го започне процесот на рехабилитација и долгото закрепнување. За жал, по ваков тип повреда, враќањето на терените обично трае од седум до девет месеци, па Ангела најрано ќе може повторно да го облече дресот на нашиот тим следната сезона“, напишаа од нејзиниот клуб.

Јанкуловска нема да биде на располагање за ЕП 2026, ниту пак за баражот за СП 2027 во април наредната година, па селекторот Игор Марковиќ ќе мора да бара дополнителна солуција на левата бековска позиција.

Македонија ќе биде на собир од понеделник во рамките на ЕХФ неделата, а на ЕП ќе игра со селекциите на Норвешка, Швајцарија и Романија.

Share on Facebook

Ќосевски: Целта е јасна – да играме организирано и да ги искористиме нашите квалитети

Авор: Душко Андов
| 15 октомври 2026
12:21
Share on Facebook

Ракометарите на Охрид по триумфот над тимот на Кирил Лазаров, ги очекува пресметка со вториот тим од Автокоманда.

Новиот суперлигаш ќе биде последен тест за избраниците на Борис Ројевиќ пред натпреварите од ЕХФ Европскиот Куп.

Десното крило Ален Ќосевски очекува Охрид да ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Автокоманда.

„Ни следува натпревар против втората екипа од Автокоманда. Станува збор за млада и борбена екипа. Нашата цел е јасна, да играме организирано и да ги искористиме нашите квалитети“, изјави Ќосевски.

Натпреварот меѓу „витамините“ од Автокоманда и Охрид се игра в недела од 16:00 часот.

Share on Facebook

Шампионот се рехабилитира по евро-елиминацијата, славеше убедливо кај Вардар

Авор: Душко Андов
| 14 октомври 2026
21:34
Share on Facebook

Ракометарките на Ѓорче Петров прославија убедлив триумф на гостински терен кај Вардар и се рехабилитираа по елиминацијата од Лигата на Европа.

Шампионот победи со 18 погодоци разлика на гостински терен кај „црвено-црните“, 47-29, а победникот беше решен уште по првиот дел.

Тогаш избраничките на Славиша Димитријески водеа со 19-11 и најавија дека второто полувреме ќе биде само формално одработување на задачата.

Предводнички во победата на Ѓорче Петров беа крилата Емилијана Ризоска и Ана Вранчиќ со по осум погодоци, додека кај Вардар по пет гола имаа Јована Павичевиќ и Дона Тодоровска.

Во следното коло Ѓорче Петров го чека сестрински двобој, додека Вардар ќе игра против Атлетик на гостински терен.

Share on Facebook

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел на евро-сцена, Ѓорче Петров со регионален предизвик, Супер лига, Прва лига…

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
09:38
Share on Facebook

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде настапот на Бутел Скопје во ЕХФ Европскиот Куп и гостувањето кај хрватската Горица.

Бутелци под водство на Стојанче Стоилов се подготвени за предизвикот на меѓународна сцена против тимот што има одличен старт на сезоната во хрватскиот шампионат, шест победи на шест меча, а една против учесникот во ЛЕ – Сесвете и тоа на гостински терен.

Мечот меѓу Горица и Бутел Скопје се игра вечерва од 18:00 часот во градската сала во Велика Горица.

Покрај мечот на Бутел Скопје, интересен ќе биде и дуелот од Регионалната лига кај дамите меѓу шампионот Ѓорче Петров и српскиот Бор, кој се игра во салата „Кочо Рацин“ од 18:00 часот. „Лавиците“ со триумф ќе се вклучат во битка за првото место во групата Б од регионалната конкуренција.

Освен двата меча на македонските преставници на меѓународна сцена, на домашна сцена актуелни се натпреварите од Супер лигата во машка и женска конкуренција, како и од Првата лига во двете конкуренции.

Кај мажите, интересно ќе биде во Куманово, каде гостува Младост Богданци, додека вицепрвакот Еурофарм Пелистер ќе игра на гости кај Прилеп и ќе биде фаворит за нови бодови.

Во прволигашката конкуренција ќе се одигра дербито меѓу Аеродром и Драчево Јуниор, а ќе има и регионален двобој меѓу Радовиш и штипски Текстилец.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – БОР (РЕГИОНАЛНА ЛИГА)
15:00 ДЕСПИНА – СПАРТАК (МАКЕДОНИЈА)
17:00 АТЛЕТИК – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ГЕВГЕЛИЈА ЈУГ – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ШАМПИОН – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
16:30 КУМАНОВО – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 АЛКАЛОИД – ФЕРЛАХ (ЕХФ КУП)
18:00 ГОРИЦА – БУТЕЛ СКОПЈЕ (ЕХФ КУП)
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 РАДОВИШ – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ПРЕСПА (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ИЛИНДЕН – СОКОЛ САСА (МАКЕДОНИЈА)
17:00 АЕРОДРОМ – ДРАЧЕВО ЈУНИОР (МАКЕДОНИЈА)

Share on Facebook

Нант сигурен против Мелсунген, четири тима се чекираа во ТОП 12, порази за Партизан и Загреб

Авор: Душко Андов
| 14 октомври 2026
23:00
Share on Facebook

Францускиот Нант славеше третпат во групната фаза и направи крупен чекор кон главната рунда, откако го совлада Мелсунген со 33-25. Домаќините уште по првиот дел стигнаа до одлична залиха, 17-10, па во вториот дел беше полесно да се доврши започнатата работа.

Бонде блескаше на голот на Нант со 14 одбрани, а Брие со Овничек и Леополд со по пет гола беа предводници во нападот. Кај Мелсунген, Симиќ фати 14 удари на домашните, но неговите колеги не беа баш расположени за игра.

На табелата во оваа група Нант и Висла Плоцк со по шест бода се на врвот, Мелсунген е трет со четири бода, а Вардар останува без освоен бод и ќе продолжи во Лигата на Европа.

ПСЖ без проблеми ја оправда фаворитската улога на гости кај Целје и славеа со 41-30, а гостите беа предводени од Камил Шипжак со девет гола, исто толку даде и Аљуш Анжиќ за поразениот состав.

Алборг вторпат го совлада Загреб, иако сега беше потешко отколку во Хрватска, 34-33. Гостите останаа без Садовски и Николиќ во вториот дел поради црвени картони, но и покрај тоа успеаја да се доближат на минус еден, 31-30, но немаа сили за комплетен камбек, па мораа да му честитаат на ривалот. Бељавски и Главаш дадоа по седум гола, а по шест за Алборг имаа Арнлодсен, Нилсен и Кнор.

Во оваа група Алборг и ПСЖ се „чекираа“ во ТОП 12, додека Загреб и Целје продолжуваат во Лигата на Европа заедно со Вардар, Колстад и Партизан.

Швајцарскиот Криенс Луцерн вторпат го победи Колстад, овојпат со 36-28, па ќе се бори со Келце за второто место во групата што ќе ја освои Магдебург со осум бода, бидејќи запиша втор триумф над полскиот првак, 30-28. Кај Криенс се истакна Жером Милер со 12 гола, а кај Колстад девет пати погоди Симон Јепсон.

Иако Келце водеше во повеќе наврати со по три гола кај германскиот шампион Магдебург, сепак остана со празни раце, откако домашните доминираа во вториот дел и ја имаа резултатската контрола. Мандиќ имаше 11 одбрани, а Кристјансон шест гола, додека кај Келце, исто толку даде Наи.

Веспрем имаше уште еднаш лесна задача против српскиот првак Партизан и славеше со 38-28. Голманот Микаел Апелгрен имаше дури 18 одбрани, а Драган Пешмалбек реализираше осум пати. Кај Партизан, пивотот Тобијас Вагнер постигна девет гола.

Share on Facebook