Како што најави 24Ракомет, некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, ќе го предводи хрватскиот вицепрвак Нексе.
Од клубот од Нашице ја официјализираа соработката со Веселин Вујовиќ, кој најави атак на сите титули во тековната сезона.
,,Се радувам на доаѓањето во Нашице, во клуб со голема традиција и големи амбици. Ќе се обидеме да дадеме сѐ од себе, јас како тренер и играчите, и ќе се бориме за сите титули кои се во игра во оваа сезона“, изјави Вујовиќ.
Нексе беше во потрага по решение за клупата откако минатата недела се раздели со Бранко Тамше кој три сезони го водеше хрватскиот вицепрвак.
Вујовиќ последниот ангажман го имаше на клупата на Иран, а сега му се врати на клупскиот ракомет.
Нексе има големи амбиции оваа сезона во Лигата на Европа и во домашното првенство, а се засили со играчи од типот на Безјак, Јотиќ, Гаџа…