Охрид има многу што да жали за пропуштеното на гостувањето во Битола, а актуелниот шампиуон Еурофарм Пелистер со пресврт во последните моменти успеа да ги освои трите бода, победувајќи со 31-27 (18-18).
Немаше да биде нималку незаслужено дури и ако Охрид триумфираше, или во најмала рака освоеше бод, бидејќи тие во текот на речиси целиот меч имаа иницјата, најчесто и предност која во едне момент беше и „плус 3“, а на крајот сепак останаа без бодови.
Иако дел од првото, и цело второ полуврем Охрид играше бе Грузуецот Темо Орјокидизе, кој доби црвен картон поради три исклучувања, тимот делуваше компактен и мотивиран. Имаа шанса во второто полувреме да отидат и на „плус 3“, но откако тоа н его искористија стигна казната.
Имаше водство Охрид ос 25-24, а потоа Еурофарм Пелистер како да се разбуди и со серија прво израмни, а потоа и поведе. На крајот предноста дури и беше „плус 4′ што беше највисоката предност на еден тим на натпреварот.
Со триумфот дома пелистерци остануваат во трка з атитулата и се на само еден бод од „сините“ од Автокоманда, а Охрид е третопласиран.
Филип Кузмановски со 9 гола бешпе најпрецизен, а пет даде Богдан Рдивојевиќ. Кај Охрид, седум гола дае Гоце Ојлески а еден помалку Никола Јуки.