Актуелниот тренер на Војводина, Борис Ројевиќ, би требало да биде новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Србија, пренесува „Спортски журнал”.
Ракометниот сојуз на Србија во изминатиот период беше во потрага по наследникот на Тони Херона, кој поради лошиот пласман на Европското првенство 2024, кое се одржуваше во Германија, си доби отказ.
Според споменатиот медиум, веќе е договорена соработката меѓу Ројевиќ и РСС, но Управниот одбор на српската ракометна куќа ќе треба да го верификува мандатот на состанокот закажан за 29 февруари во Зрењанин.
Ројевиќ беше дел од стручниот штаб на „орлите“ на Европското првенство 2022, добро ги познава сите репрезентативци, со дел од нив работи во српскиот шампион.
44-годишниот стратег со Војводина во ланската сезона го освои трофејот во ЕХФ Купот, додека во оваа сезона направи голем успех, бидејќи клубот од Нови Сад се пласира во главната фаза во Лигата на Европа.
Во игра за селекторското место беа уште Талант Душебаев и Момир Илиќ, но двајцата не ја прифатија понудата.