Белорускиот среден бек Борус Пуховски во наредните денови би требало да го продолжи својот договор со актуелниот шампион на Србија, Војводина, пренесува српскиот портал „Моцарт Спорт“.
Иако Пуховски има 37 години, сепак, за него годините се само бројка и со своите одлични партии на домашна и европска сцена го убеди раководството на клубот од Нови Сад дека може да биде моторот во екипата.
Пуховски во Војводина пристигна во текот на месец јули, 2022 година. Со српскиот шампион ги освои сите можни трофеи во 2023 година, титулата национален шампион, Купот на Србија, ЕХФ Купот, како и Супер Купот на почетокот на 2024 година по победата над Динамо Панчево.
Во текот на минатата сезона тој го продолжи договорот до месец јуни, 2024, а сега според пишувањата на „Моцарт Спорт“ ќе остане најмалку уште една и пол година.
Искусниот ракометар во својата кариера го носеше дресот и на СКА Минск, Динамо Минск, Чургу и Мотор Запорожје. Во Мотор Запорожјее мина седум сезони и со украинскиот тим редовно учествуваше во Лигата на шампионите.
Војводина претходни ги продолжи договорите со Борис Ројевиќ, голманот Андреј Трнавац и столбот на одбраната Миљан Пушица. Сите тројца се обврзаа на нова соработка, која ќе биде со важност до 2026 година.